Партизан триумфираше на тешкото гостување во Истанбул против европскиот првак Анадолу Ефес (84-97), џиновска победа со која „црно-белите“ совладаа директен ривал за Топ 8 фазата и огромен чекор напред во борба за четвртфиналето од Евролигата. Слично како и на последниот АБА-лигашки дуел со Црвена Звезда, Партизан катастрофално отвори, но покажа карактер и квалитет за да се врати во мечот и да стигне до заслужена победа.
Првата четвртина мина во целосна доминација на Анадолу Ефес, турскиот гигант доминираше на теренот, а во еден момент и поведе со огромни 17 поени предност (23-6). Партизан до крајот на четвртината намали на 23-11, a потоа фуриозно го почна и вториот период, целосно враќајќи се во натпреварот. Клајбурн постигна 12 поени за Ефес во третата четвртина, но „црно-белите“ во последните 10 минути целосно го неутрализираа најдобриот кошаркар на европскиот шампион, направија неверојатна серија од 16-0 и поведоа со огромни 15 поени предност (72-87), што рутински ја задржаа за конечна победа од 84-97.
Клајбурн со 22 поени беше најдобар поединец во таборот на Анадолу Ефес, 16 постигна Брајант, а 15 Василије Мициќ. Во таборот на Партизан најзаслужни за големата победа се Пантер со 19, Лесор со 17 и Нанали со 17 постигнати поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА