Олимпиајкос се зацврсти на врвот во Евролигата откако во 29. коло триумфираше со 72-74 на гостувањето против Жалгирис.
Грците ги одиграа одлично првите три период од играта по кои имаа предност од 49-61… Но, домашните успеаја да одиграа перфектно во последната четвртина и да го доведат мечот во неизвесна завршница. Сепак, не успеаја ништо повеќе од чесен пораз.
Саша Везенков беше најдобар кај Олимпијакос со 25 постигнати поени, а со 18 поени мечот го заврши МекКисик. Кај домашните се издвои Роландс Смитс со 18 поени.
Монако триумфираше против Виртус Болоња со 81-68.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА