Спортинг Лисабон по пеналите го елиминираше Арсенал во осминафиналето на Лигата на Европа (ВИДЕО)

Арсенал е елиминиран во осминафиналето од Лигата на Европа, откако Спортинг Лисабон беше подобар по изведувањето на пеналите во реванш пресметката која во регуларниот дел во Лондон заврши без победник, 1-1. Португалците се пласираа во четвртфиналето на Лигата на Европа по изведувањето на пеналите откако претходно во регуларниот дел успеаја да се извлечат и од првичната негатива.

Реванш дуелот во Лондон заврши без победник, 1-1, како што беше и натпреварот во Португалија, 2-2.

„Топчиите“ први поведоа со голот на Џака во 19. минута, но Спортинг израмни со голот на Педро Гонсалвеш во 62. минута. Маестрален гол на Педро Гонсалвеш кој спречи Арсенал да обезбеди во регуларниот дел пласман во четвртфиналето во ЛЕ.

Во продолженијата се играше мирно без голови, за да по изведувањето на ударите од белата точка на крај Спортинг Лисабон е тој кој славеше со победа по пеналите од 3-5. Мартинели во четвртата серија беше единствен кој не успеа да реализира пенал за Арсенал.

Се вчитува...