Алварез останува верен на Манчестер сити

Фудбалерот на Манчестер Сити, Хулијан Алварез денеска го продолжи договорот на уште една година, па ќе остане во клубот до крајот на сезоната 2027/28.

Алварез, кој го освои Светското првенство со Аргентина во декември, постигна десет гола на 33 натпревари во својата прва сезона во Манчестер.

„Навистина сум среќен со мојата прва сезона овде, но има уште многу што можам да направам. Знам дека можам да бидам подобар, а Сити ми нуди се што ми е потребно за да го исполнам мојот потенцијал“, изјави Алварез.

Финансиските детали од договорот не се откриени. Алварез минатото лето дојде во Сити од Ривер Плејт, кога потпиша договор до крајот на сезоната 2026/2027.

Се вчитува...