По поразот од Партизан, бранителот на трофејот во Евролигата Анадолу Ефес е се подалеку од место кое води во разигрувањето за пласман на завршниот турнир. Турскиот тим има скор од 14 победи 15 порази со што заостанува натпревар во битката за осмата позиција.
Дека работите не се идеални во Истанбул доволно говори и фрустрацијата на еден од најдобрите играчи во тимот, Шејн Ларкин кој полека го губи стартното место, а за истото се одлучи да напише на социјалните мрежи. Имено, тој се пожали за малата минутажа на Твтиер каде и ги подели мислењата на навивачите.
„Најважниот натпревар во сезоната и јас играм само 22 минути и тоа во последните три минути во кој немаме шанси за победа. Не знам зошто, јас сум секогаш тука за тимот. Сакам да победам, но ова не можам да го сфатам“, напиша Ларкин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА