Новиот селектор на Шпанија, Луис де ла Фуенте го соопшти првиот список на играчи по преземањето на селекторската функција после неуспехот на Мундијалот во Катар. Енрике доби отказ, а Де ла Фуенте многумина ги остави во „шок“ со новиот список, на кој нема дури 15 играчи од последното Светско првенство.
Де Ла Фуентес се реши да ги повика дебитантите Хозелу и Давид Гарсија. Изненадување се Брајан Жил од Севилја, и голманот на Челси, Кепа Аризабалага. Изненадување е и повикот на играчот на Селта, Аспас.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

