Норвешкиот тим во состав Марија Тереза Твиберг, Теа Луис Стјернесунд, Тимон Хауган и Расмус Вингиштад славеше на тимскиот паралел велеслаом кој е дел од последната недела од Светскиот куп во алпско скијање кој се одржува во андорскиот Солдеу.
Норвежаните во финалето славеа над Швајцарија која беше во состав Камил Раст, Андреа Еленбергер, Ливио Симоне и Семиел Бисиг. Во малото финале Австрија (Франциска Грич, Жулија Шајб, Фабио Гшрејн и Адриан Пертл) беше подобра од Германија (Џесика Хилцингер, Лена Дир, Линус Страсер и Андреас Сандер).
Утре на програмата во Солдеу се слаломската трка во женска конкуренција, како и велеслаломот во машка конкуренција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА