Баерн Минхен повторно немаше среќа во ждрепката за Лигата на Шампионите, откако по елиминацијата на ПСЖ баварскиот гигант за ривал во четвртфиналето го доби Манчестер Сити.
Двата главни фаворити за трофејот ќе се сретнат уште во четвртфиналната фаза, а Пеп Гвардиола за противник ќе го има својот поранешен клуб.
„Ние сме Баерн Минхен и секогаш се радуваме на големите натпревари. Повторно ќе се сретнеме со Пеп Гвардиола, што е убава работа. Победија против Лајпциг, мислам дека во моментов се подобар тим од ПСЖ, ова четвртфинале дефинитивно ќе биде најинтересното во ЛШ сезонава“, изјави спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ.
Одбраната на Баерн повторно ќе биде на испит бидејќи против себе ќе го има Ерлинг Халанд, фудбалерот кој им создаваше многу проблеми додека го носеше дресот на Борусија Дортмунд.
„Халанд сигурно е еден од најдобрите напаѓачи во светот, но ние против ПСЖ покажавме дека имаме многу добра одбрана. Ги запревме Мбапе и Меси, сега пред нас ќе биде нов предизвик“, порача Салихамиџиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

