Премиерлигашот Вест Хем јунајтед ќе игра против белгискиот Гент во четвртфиналниот двомеч во најмладото клупско натпреварување на УЕФА, Конференциската лига, одлучи денешната ждрепка во Европската куќа на фудбалот во Нион. Во останатите три четвртфинални двобои ќе се сретнат Лех Познањ – Фиорентина, АЗ Алкмар – Андерлехт и Базел – Ница.
Во полуфиналето победникот од двомечот меѓу Лех Познањ – Фиорентина ќе се сретне со победникот од Базел – Ница, додека втората полуфинална двојка ќе ја дадат победниците од натпреварите меѓу Гент – Вест Хем и АЗ Алкмар – Андерлехт.
Првите четвртфинални натпревари во Конференциската лига се закажани за 13. април, додека реваншите ќе се одиграат на 20. истиот месец. Полуфиналните дуели на програмата се на 11. и 18. мај. Финалето е закажано за 7. јуни во Прага.
КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА 1/4 ФИНАЛЕ:
ЛЕХ ПОЗНАЊ – ФИОРЕНТИНА
ГЕНТ – ВЕСТ ХЕМ ЈУНАЈТЕД
АЗ АЛКМАР – АНДЕРЛЕХТ
БАЗЕЛ – НИЦА
КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА 1/2 ФИНАЛЕ:
ЛЕХ ПОЗНАЊ/ФИОРЕНТИНА – БАЗЕЛ/НИЦА
ГЕНТ/ВЕСТ ХЕМ ЈУНАЈТЕД – АЗ АЛКМАР/АНДЕРЛЕХТ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА