Новиот селектор го повика Роналдо: Годините се само бројка за Кристијано…

Новиот селектор на Португалија, Роберто Мартинез, го вклучи Кристијано Роналдо на својот прв список на португалскиот национален тим, на квалификациските натпревари за ЕП 2024 против Лихтенштајн и Луксембург.

Роналдо беше во конфликт со поранешниот селектор Сантош, кој го седна на клупата на последните средби на СП во Катар, многумина се сомневаат во неговата форма откако реши да се пресели во Саудиска Арабија, но за Мартинез нема никаква дилема.

„Кристијано Роналдо е максимално посветен фудбалер. Тој може да донесе искуство и е многу важна фигура за португалската репрезентација. Не гледам на годините, знам дека во случајот на Кристијано годините се само бројка“, изјави Мартинез при соопштувањето на својот прв список како селектор на Португалија.

Во однос на СП во Катар, на списокот на Мартинез има само двајца фудбалери кои не беа дел од националниот тим на Мундијалот, Диого Леита и Гонсало Инасио ги зазедоа местата на Вилилјам Карвалјо и на Рикардо Хорта.

Се вчитува...