Ибрахимовиќ по 14 месеци повторно стартер за Милан

Милан утре ќе му гостува на Удинезе, натпревар за кој Стефано Пиоли се подготвува да го врати во стартниот тим Златан Ибрахимовиќ. Шведскиот фудбалски великан ги надмина проблемите со тешката повреда на неколку натпревари влегуваше во игра во второто полувреме, но стручниот штаб смета дека е дојден вистински момент Ибракадабра да стартува од првата минута за „росонерите“.

Тоа последен пат беше случај на 23 јануари 2022 година, на големото дерби против Јувентус. Потоа следеше обновување на повредата на коленото и долга пауза, но најважно за „росонерите“ е што Ибрахимовиќ сега е максимално подготвен да го предводи тимот во клучниот дел од сезоната.

Придружба за Златан во навалното трио ќе бидат Леао и Брахим Дијаз, додека Оливие Жиру ќе чека шанса од клупата за резерви.

Се вчитува...