Фудбалскиот клуб Партизан ја продолжи серијата слаби резултати на домашен терен во српскиот шампионат, губеќи со 1-2 од екипата на Радник Сурдулица. Тимот на Радник беше последен на табелата во пресрет на ова коло, но знаеше како да ги казни грешките на фаворитот и да стигне до огромни три бода во битката за опстанок.
Како клучно се покажа првото полувреме во кое гостите поведоа со 0-2, првиот гол постигнат по контранапад по една голема грешка на домашен дефанзивец, а вториот по корнер откако ударот на Јокиќ мина низ рацете на голманот на Партизан и заврши во мрежата.
Очекувано, „црно-белите“ тргнаа во тотална офанзива во вториот дел, при 0-2 не реализираа и пенал преку Натхо, а до крајот само го ублажија поразот со голот што го постигна Рикардо.
Трката за титулата дефинитивно е загубена, Партизан веќе заостанува огромни 18 бода зад Црвена Звезда, а на „црно-белите“ сега им се заканува да го загубат второто место, ако се знае дека имаат два бода предност, но и натпревар повеќе во однос на третопласираниот ТСЦ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА