Фазли: Тренерската промена ќе донесе позитивна енергија, нема што да загубиме во Кавадарци

Македонија ЃП гостува на Тиквеш во денешното 24. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Во таборот на „лавовите“ се убедени дека може до позитивен резултат, а за сето тоа може да придонесе и тренерската смена во клубот.

„Немаме што да загубиме во Кавадарци, одиме на секој натпревар да се надигруваме. Уште 27 бода се во игра и борбата за четврто место не е завршена. Тренерска промена ќе донесе позитивна енергија, ние сме професионалци и на секоја задача мораме да одговориме, дали е нов или стар тренер нашата обврска кон клубот е голема“ – вели офанзивецот Самир Фазли.

ПМФЛ -24. КОЛО (денеска, 15 ч.)
Струмица: АК. ПАНДЕВ – ШКУПИ
Прилеп: ПОБЕДА – СИЛЕКС
Скопје: РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ
Кавадарци: ТИКВЕШ – МАКЕДОНИЈА ЃП
УТРЕ (15 ч.)
Скопје: СКОПЈЕ – ШКЕНДИЈА

БРЕГАЛНИЦА – слободна

Се вчитува...