Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Никола Секулов, се најде во списокот на играчи на тренерот Масимилијано Алегри за утрешното дерби меѓу Интер и Јувентус.
Секулов, кој и сезонава настапува за младинскиот состав на „старата дама“, во последните денови тренираше со првата екипа на повик на Алегри, а очигледно сторил доволно за да го убеди стратегот на Јувентус да го вклучи во составот за „Дербито на Италија“, што дефинитивно ќе биде непроценливо искуство за овој фудбалер за врска.
Секулов сезонава настапи на 23 натпревари за младинскиот тим на Јуве во Серија Ц, притоа постигнувајќи четири погодоци и една асистенција.
Our squad for the trip to Milan 🔜#InterJuve pic.twitter.com/xbGaL9xfnR
— JuventusFC 🇬🇧🇺🇸 (@juventusfcen) March 18, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА