Ленс се искачи на „котата два“ во Франција

Ленс лесно и убедливо славеше на домашен терен против Анже со 3-0, резултат со кој екипата на Ленс најмалку на 24 часа се искачи на второто место на табелата во францускиот шампионат.

Победникот беше решен во првото полувреме, Фофана во 26. минута го отвори резултатот во корист на домаќините, а четири минути подоцна Опинда зголеми на 2-0. Опинда беше стрелец и на третиот гол за Ленс, на самиот старт од второто полувреме, за конечни 3-0 на овој натпревар.

Ленс сега има 56 бода, десет помалку од лидерот ПСЖ, а два повеќе од Олимпик Марсеј, кој утре го игра својот меч од оваа 28. рунда од француското првенство.

Се вчитува...