Крос: Со Модриќ играме заедно веќе 9 години, знаеме како дишеме

Реал Мадрид денеска од 21 часот во директен дуел против Барселона во шпанското „Ел Класико“ ќе се обиде да го намали бодовното заостанување на табелата. Како најава на натпреварот за клупската телевизија говореше Тони Крос, а меѓу останатото доби прашање и за Лука Модриќ.

Германскиот фудбалер имаше само пофални зборови за хрватскиот репрезентативец со кој вели дека одлично се познава на, но и надвор од теренот.

„Прекрасно е да играш покрај него. Девер години играме заедно и се разбираме речиси совршено. Поврзани сме и на теренот и надвор од него. Секогаш знаеме што другиот ќе направи“, вели Крос.

Се вчитува...