„Последен танц“ на Адеми во дресот на Динамо Загреб

Аријан Адеми денеска од 17 часот и 30 минути против Ријека ќе го одигра последниот натпревар во дресот на Динамо Загреб. Македонскиот репрезентативец кој беше дел од „модрите“ цели 13 години заминува од клубот и од утре официјално ќе биде нов фудбалер на кинескиот Пекин Гуан со кој потпиша тригодишен договор вреден пет милиони евра.

Капитенот на загрепскиот клуб замимнува од „Максимир“ како најтрофеен играч во историјата на клубот со 11 шампионски титули, шест титули во Купот и три трофеи во Суперкупот на Хрватска.

На социјалните мрежи навивачите на клубот веќе подолго време повикуваат на мобилизација за „последниот танц“ на Адеми па денеска се очекува вистински спектакл на „Максимир“.

Се вчитува...