Не е задоволен газдата: Боели со пцовка го опиша новиот неуспех на Челси (ВИДЕО)

Ерата на Тод Боели на „Стемфорд Бриџ“ не започна славно. По отпуштањето на Томас Тухел и ангажманот на Грем Потер клубот продолжи да се мачи со резултати, а во последното коло од Премиерлигата повторно испушти значајни бодови ремизирајќи со 2-2 против Евертон.

Ситуацијата во клубот е далеку од идеална, потрошените 600 милиони на засилувања не вродија моментален плод, се почести се и гласините за заминување на поголем број фудбалери како и отказ на самиот Потер, а во полза на младиот англиски стретег не е ниту незадоволството на американскиот газда кој новиот неуспех на тимот го опиша со пцовка.

„Еб*но усрана игра“, прокоментира Боели.

Се вчитува...