Фантастичната форма на Арсенал во Премиерлигата продолжи и во 28. коло во кое „топџиите“ ја забележаа 22 победи во сезоната совладувајќи го Кристал Палас во лондонското дерби со 4-1.
„Топџиите“ беа подобриот противник уште од самото отварање, а веќе до полувремето имаа предност од 2-0 благодарение на головите на Мартинели и Сака. Џака во 55. минута донесе 3-0, а откако Шлуп намали на 3-1 гостите имаа и шанса преку Заха за 3-2.
Заха не успеа да ја затресе мрежата на Рамсдејл, а казната следеше само две минути подоцна кога Сака го постигна својот втор гол на средбата за ново водство од 3-0.
Со денешната победа Арсенал ја зголеми предноста пред главниот конкурент за шампионската титула, Манчестер Сити на осум бода, но „граѓаните“ имаат натпревар помалку. За Кристил Палас тоа е четврт пораз во низа со што клубот полека влегува во битката за опстанок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

