Брајтон преку Гримсби до полуфинале во ФА Купот

Брајтон е третиот полуфиналист по Манчестер Сити и Шефилд Јунајтед во англискиот ФА Куп откако во четвртфиналето против Гримсби славеше со убедливи 4-0.

До предност „галебите“ стигнаа уште во 4. минута со голот на Ундав, а овој резултат остана на семафорот до 51. минута кога мрежата ја затресе Фергусон. Истиот фудбалер донесе 3-0 во 70. минута, Марш во 82. минута зголеми на 4-0, а конечниот резултат го постави Митона во 90. минута.

Се вчитува...