Стефан Ристовски е тој кој го разубави последниот натпревар на Аријан Адеми за Динамо Загреб со погодок носејќи победа за „модрите“ од 1-0 во 26. коло од хрватскиот шампионат.
На мечот на „Максимир“ кој пред се мина во знакот на Адеми и неговите последни минути во дресот на Днамо Загреб, на крај сета таа претстава пред 12.000 навивачи ја разубави Ристовски со погодокот во 68. минута доволен за триумф на загрепчани.
По нафрлањето од левата страна Ристовски одлично реагираше од неколку метри на вториот дирек сместувајќи во мрежата на гостите, за негов четврти погодок сезонава за Динамо Загреб.
Претходно, македонскиот репрезентативец имаше и одличен обид со волеј но дирекот спречи и претходно да се запише во листата на стрелците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА