Манчестер Јунајтед е последниот полуфиналист во англискиот ФА Куп откако во драматичен натпревар по целосен пресврт успеа да слави со 3-1 над Фулам.
Фулам преку Митровиќ кој ја затресе мрежата во 50. минута стигна до предност на „Олд Трафорд“, а предноста ја задржа се до 75. минута од пенал Бруно Фернандеш стрелаше за 1-1. На истиот му претходеа два црвени картони на Вилијан и Митровиќ, Бразилецот истиот го доби за играње со рака во шестнаестникот, а Србинот за неспортското однесување.
Со два играчи повеќе на теренот на „црвените ѓаволи“ им беа потребни само две минути за превземање на водството, а до гол стигнаа преку Сабитсер. Победата од 3-1 ја донесе Фернандеш во 96. минута.
Во полуфиналето покрај Манчестер Јунајтед се и Манчестер Сити, Брајтон и Шефилд Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

