Македонските репрезентативци во моментов го одработуваат првиот свој тренинг за време на мартовскиот собир и стартот на квалификациите за ЕП 2024.
Избраниците на Благоја Милевски, иако во некомплетен состав во очекување на приклучување на оние кои денеска имаа обврски во своите клубови, вечерва го одработуваат првиот тренинг.
Престојниве денови, се до дуелот со Малта кој е закажан на 23. март на арената „Тодор Проески“ во Скопје, репрезентативците ќе работат во вечерните часови сега под идеални услови со новиот рефлекторски систем кој е поставен на тренинг центарот на Фудбалската федерација на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА