Дербито на Рим за Лацио

Дербито за Рим во италијанското првенство помеѓу Лацио и Рома заврши со победа од 1-0 за избраниците на Маурицио Сари. Херојот на домашниот тим беше Ѕакањи кој ја затресе мрежата во 65. минута на асистенција на Фелипе Андерсон.

Претходно во 32. минута Рома остана со фудбалер помалку откако втор жолт картон заработи Ибањез. „Волчицата“ имаше шанса и за изедначување, но ВАР го поништи голот на Касале во 68. минута.

Со новите три бода Лацио се искачи на втората позиција на табелата и таму ќе остане до крајот на второ големо дерби за денот помеѓу Интер и Јувентус. Рома пак и покрај вториот пораз во низа останува во игра за место кое води во Лигата на Шампионите следната сезона.

Се вчитува...