Во Реал Мадрид не можат да го преболат синоќешниот пораз на „Камп Ноу“, кој значеше и губење на трката за шампионската титула во Ла Лига. За „кралевите“ нема дилема, клучен момент на натпреварот беше голот што го постигна Асенсио при 1-1 во самиот финиш, а кој по долга анализа беше поништен поради минимален офсајд.
Карло Анчелоти по натпреварот се пожали на таа спорна одлука, за која коментар даде и Хесус Галјего, еден од највлијателните шпански фудбалски новинари, инаку приврзаник на Реал Мадрид.
„Какви се оние линии за ВАР, не само за оваа ситуација, туку и за 100.000 други. Па ова се линии како да ги цртало дете од 15 години. Ако немаше ВАР, никој немаше да се пожали дека голот бил нерегуларен“, прокоментира Галјего.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

