Серџи Роберто одигра извонреден натпревар и даде голем придонес за победата на Барселона над Реал Мадрид, а шпанскиот фудбалер потоа испрати порака до Лео Меси, да се врати назад на „Камп Ноу“ по завршувањето на оваа сезона.
Аргентинецот е незадоволен во ПСЖ, навивачите јавно го критикуваат и бараат да не добие нов договор, што беше повод Роберто веднаш по синоќешното Ел Класико да испрати порака до поранешниот соиграч.
„Го чекаме Лео назад, сите сакаме да го видиме повторно во дресот на Барселона. Се надевам дека тоа ќе се случи, дека Лео пак ќе биде член на Барселона. Едно е сигурно, во ПСЖ не го ценат, тој не го заслужува третманот што го има во Париз во последните денови“, изјави Роберто.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА