Милинковиќ – Савиќ оди во Ливерпул за 50 милиони евра?!

Сергеј Милинковиќ – Савиќ е подготвен летово конечно да си замине од Лацио, но тоа нема да биде во Јувентус, како што беше најавувано во претходните месеци. Новиот скандал и одземените бодови ќе влијаат врз моќта на Јуве на пазарот, „црно-белите“ ќе немаат богатство за трошење, а целата ситуација планираат да ја искористат челниците на Ливерпул, кои веќе подготвиле и понуда за српскиот репрезентативец.

Ливерпул е подготвен да плати 50 милиони евра за уште во текот на оваа сезона да го потпише и комплетира транссферот на Србинот, кој од 1 јули би се преселил на „Енфилд“. Клаудио Лотито две години инсистираше на отштета од 100 милиони евра, но веќе е јасно дека никој нема намера да плати толкаво богатство за Милинковиќ – Савиќ, па првиот човек на Лацио е подготвен да преговара и за двојно помала сума.

„Црвените“ ќе извршат ремонт во средниот ред во текот на летово, нивни приоритет останува Белингем од Борусија Дортмунд, но јасно е дека англискиот бисер нема да биде единствениот играч за врска што ќе пристигне по завршувањето од сезонава. Желба на Клоп е покрај Белингем во тимот да го има и Милинковиќ – Савиќ, за формирање на силен тандем со кој Ливерпул од следната сезона повторно би се вмешал во борбата за трофеи.

Се вчитува...