Инзаги бесен на судиите: Срамота е да се загуби дерби на ваков начин

Симоне Инзаги загуби уште еден дерби натпревар, а тренерот на Интер по завршувањето на мечот вината за поразот од Јувентус ја насочи кон судиите.

Костиќ го постигна единствениот гол на дербито на „Џузепе Меаца“, но според Инзаги ВАР-арбитрите морале да реагираат и да го поништат погодокот поради играње со рака на Рабио на почетокот од акцијата.

„Срамота е да се загуби дерби натпревар на ваков начин. Рековме дека нема да коментираме вакви работи по дуелот со Монца во јануари, но повторно се случи нешто максимално сериозно. Неприфатливо е да загубите натпревар со ваков гол во ера на ВАР технологија. Што да кажам, 20 пати ја разгледавме ситуацијата и исто толку пати видов дека Рабио игра со рака“, изјави Инзаги.

Се вчитува...