Во дербито на 25. коло на Бундеслигата, Баер Леверкузен го совлада Баерн Минхен со 2-1 и со тоа ја врати Борусија Дортмунд на врвот на табелата во германскиот фудбалски шампионат.
На Баварците не им се случило десет години по 25. кола да не бидат на првото место на табелата во Бундеслигата. За поразот од Баерн се огласи и спортскиот директор на клубот Хасан Салихамџиќ.
„Вакво нешто ретко се гледа. Пропуштивме се што можевме, а бевме поразени од тим кој играше во четврток. Бевме инфериорни во секој аспект“, изјави Салихамиџиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

