Македонската репрезентација во комплетен состав и по пристигнувањето на Елмас, Адеми, Ристовски, Несторовски, Димитриевски…, вечерва го одработи тренингот во очекување на стартот на квалификациитеза ЕВРО 2024.
Низ максимално ведра атмосфера, насмеани, позитивно „наострени“, разиграни…, македонските репрезентативци го одработија денешниот тренинг, првиот од официјалното загревање за финална тактичка подготовка пред првиот натпревар во квалификациите.
Македонија во четврток (23. март) против Малта на арената „Тодор Проески“ во Скопје ги почнува квалификациите за Европското првенство 2024, во исклучително тешката група во која сме уште и со Англија, Италија и Украина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА