Клосе доби отказ ден по најголемата сензација во Австрија

Мирослав Клосе повеќе не е тренер на австрискиот бундеслигаш Алтрах кој се одлучи да му врачи отказ и покрај сензацијата во последното коло од тамошното првенство во кое германскиот стратег успеа да му одземе бод на најдобриот тим во првенството, Салцбург ремизирајќи со 1-1.

Причината е бидејќи тоа е само 17. бод за Алтах во сезоната со што тимот се наоѓа на последното место на табелата.

Четириесетичетиригодишникот го превзема клубот на 1. јули 2022 година како прва самостојна тренерска работа по ангажманот во младинските категории на Баерн Минхен и репрезентацијата на Германија, но на 22 натпревари забележа 13 порази, 5 нерешени средби и 4 победи.

Се вчитува...