Нашата најдобра фудбалски судијка, интернационалката Ива Пројковска, која се наоѓа во елитната група од 20 најдобри женски судии во Европа доби ново признание од Судиската комисија на УЕФА.
Вечерва на стадионот „Алијанц арена“ во Минхен ќе биде главен судија на првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампиони меѓу првакот на Германија Баерн Минхен и шампионот на Англија Арсенал од Лондон.
Ќе и помагаат Вјолца Изеири од Македонија и Паулина Барановска од Полска. Четврти судија ќе биде Моника Муларчик , исто така од Полска . /М.М/
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

