Шкупи вторпат сезонава одлучува да се раздели со Седлоски

Актуелниот македонски фудбалски шампион Шкупи се раздели со шефот на стручниот штаб Гоце Седлоски. Седлоски на почетокот на оваа сезона веќе еднаш замина од клубот од Чаир, но експресно беше вратен на кормилото.

Седлоски првпат на клупата на Шкупи седна во 2021 година и успеа да ја врати титулата во Чаир по долги години. Сепак, слабите резултати на клубот и ситуацијата во која се наоѓа во моментов одлучи раководството на клубот да ја прекине соработката со искусниот тренер.

Се вчитува...