Шведска го поздрави враќањето на 42-годишниот Златан Ибрахимовиќ од повредата на коленото во вторникот пресрет на воведниот натпревар од квалификациите за Европското првенство.
Ибрахимовиќ неодамна се врати по 14-месечно отсуство, постигнувајќи гол од пенал за Милан против Удинезе. Сега се фокусира на првиот квалификациски меч за ЕП со Белгија во петок во Стокхолм.
Запрашан дали има намера да продолжи да игра и да биде дел од Европското првенство во Германија следната година Ибра одговори во свој стил.
„Доколку се чувствувам добро и тренерот ме избере, ќе му помогнам нему, на тимот и на земјата да го дадат најдоброто од себе. Така, мислам дека на мои години не можете да размислувате за иднината, туку размислувате за сегашноста – дури и ако јас сум минато, сегашност и иднина“, изјави Ибрахимовиќ.
Ибрахимовиќ е најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата на Шведска со 62 гола на 121 натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

