Плејмејкерот на евролигашот Виртус Болоња, Милош Теодосиќ поради повреда ќе биде надвор од терените најмалку две недели, пренесуваат италијанските медиуми.
Теодосиќ се повреди минатиот викенд на мечот од 22. коло на италијанскиот шампионат против Милано, кој Виртус го доби со резултат 75:69. Виртус е 12. во поредокот во Евролигата со 13 победи и 16 порази, а Теодосиќ сезонава во елитното натпреварување има просек од 10,3 поени и шест асистенции.
Клубот од Болоња во следното коло од Евролигата ќе го пречека Реал, а потоа ќе има три последователни гостувања: Макаби, Ефес и Валенсија, а во последното коло во италијанското дерби на домашен терен ќе се сретне со Милано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА