Норвешката фудбалска федерација во текот на вчерашниот ден објави дека селекцијата нема да смета на услугите на Ерлинг Халанд за следните квалификациски натпревари.
Се стравуваше дека Сити во финишот на сезоната во некои клучни мечеви може да остане без својот прв голгетер, но сите тие дилеми беа разрешени откако беше објавено дека Халанд ќе паузира само неколку дена, и дека ќе биде подготвен уште на 1. април кога Сити ќе игра дерби со Ливерпул.
Халанд нема да игра за Норвешка против Шпанија и против Грузија, и тоа ќе биде огромен хендикеп за неговата репрезентација.
После Ливерпул, за Сити следува меч во Лигата на шампионите против Баерн Минхен, и би било лошо Сити да го нема својот прв голгетер на оваа пресметка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

