Фудбалската федерација на Македонија и техничкиот партнер ЈАКО го претставуваат новиот дрес на македонската фудбалска репрезентација. Препознатливото сонце истакнато на градите на фудбалерите на модерен начин ја отсликува енергијата и гордоста на Македонија. Дизајнот на новиот дрес останува верен на македонското фудбалско наследство, додека резервниот дрес во бело-жолта боја е уште една интерпретација на македонскиот дизајн за фудбалерите и навивачите.
Нашата репрезентација добива уште една, трета варијанта на дресови и шорцеви во темна боја која дополнително го нагласува сонцето и националната гордост. Еден ден по официјалната промоција на дресовите, од ФФМ ги објавија и деталите околу изгледот на дресот.
Македонија првпат со новите дресови ќе игра утре на мечот против Малта на стартот од квалификациите за ЕВРО 2024 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА