Фудбалскиот клуб Мајорка денеска му изрече тригодишна забрана за членство на навивач кој расистички ги навредувал играчите Винициус Јуниор и Самуел Чуквуезе. Навивачот, наводно 20-годишен сопственик на сезонски билети, е обвинет дека на два одвоени натпревари од шпанската лига оваа година ги нарекол мајмуни напаѓачот на Реал Мадрид и играчот од средниот ред на Вилјареал.
Шпанската комисија за борба против насилството веќе предложи парична казна од 4.000 евра и 12-месечна забрана за влез на стадион за навивачот, кој исто така може да се соочи со кривична пријава.
Винициус Јуниор беше цел на навреди и по мечот со Мајорка кога застана да се слика и да им даде автограми на навивачите. Бразилецот беше изложен на малтретирање откако дојде да игра во Шпанија пред пет години, но многу малку е направено кога станува збор за казнување на навивачите кои го прават тоа.
Властите допрва треба да ги идентификуваат луѓето кои го закачија ликот на Винисиус на мостот во Мадрид пред градското дерби со Атлетико минатиот месец. Нападите на 22-годишниот Бразилец се засилија откако тој почна да ги прославува своите голови танцувајќи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

