Фудбалската репрезентација на Македонија утре на домашен терен ќе ја пречека Малта во премиерниот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство кое следната година ќе се одржи во Германија.
Капитенот на „црвено-жолтите“ Стефан Ристовски вели дека Малта е противник по мерка за старт на квалификациите со победа.
„Овој противник за нас е по мерка да ги почнеме квалификациите со победа и тоа е најважно во моментов. Имаме квалитетни репрезентации, два фаворити дури за освојување на ЕП. Чекор по чекор одиме, да отвориме утре со три бода што ќе ни даде мотив за следните натпревари. Долго време не можевме да се собереме сите поради повреди поради што не бевме комплетни. Мило ми е што сега сите сме тука и се надевам дека низ квалификациите ќе бидеме здрави“, ијзави Ристовски.
Натпреварот кој ќе се игра на арената „Тодор Проески“ во Скопје е закажан за утре со почеток во 20.45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА