Претседателот на Олимпискиот комитет на Македонија Даниел Димевски е избран за член на Координативната комисија за Европските игри Краков 2023, известуваат од МОК.
„Во Краков, Полска се одржува состанок на Координативната комисија за Европските игри (ЕИ) Краков 2023 на Европските олимписки комитети, во која како член работи и претседателот на МОК, М-р Даниел Димевски. На состанокот се разговара за теми како што се условите за учество на спортистите, сместувањето, транспортот, квалификационите системи, поврзаноста на овие игри со квалификациониот систем за учество на ОИ Париз 2024 и многу други теми кои се од голема важност за организацијата на ЕИ. Претседателот Димевски ја искористи оваа прилика, со членовите на Меѓународниот олимписки комитет како и со Европските олимписки комитети да договори нови програми за унапредување на македонскиот спорт како и да лобира за нови програми за Македонските Национални спортски федерации“, стои во соопштението на МОК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА