Репрезентацијата на Малта од утрешното гостување во Скопје, очекува добра игра и ако е можно добар реултат на стартот на квалификациите за пласман на ЕП 2024 година.
Малтежаните се тотален аутсајдер во групата, и се освен триумф на Македонија утре во Скопје ќе биде големо изненадување. Селекторот на Малта, Микеле Марколини рече дека неговата селекција го очекува тежок меч, а тоа кој е поквалитетен, ќе покаже теренот.
„Оваа група е најсилна, играме со силни репрезентации. Мораме да играме без страв, и на секој натпревар да даваме се од себе. Горд сум што сум селектор. Не знам колку Македонија е посилна од нас, тоа на терен ќе се покаже. Станува збор за силна репрезентација која ја елиминираше Италија, но тој натпревар е веќе завршен. Сега е нов циклус, нов натпревар и јас се надевам ќе пружиме максимум против една добра репрезентација. Очекувам тежок натпревар“, рече Марколини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА