Македонскиот национален тим вечерва го одржа последниот тренинг на Националната Арена „Тодор Проески“ пред утрешната пресметка против Малта во стартот на квалиификациите за пласман на ЕП 2024 во Германија.
Македонија утре ја чека дуел со аутсајдерот во групата, дуел по кој би требало да ги запишеме трите бода. Се друго би било изненадување.
Во секој случај националниот тим без потценување и крајно сериозно влегува во пресметката со Малтежаните. На овој натпревар во последен миг отпадна и Доријан Бабунски кој поради повреда го напушти репрезентативниот камп и нема да биде на располагање.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА