Како Матео Ковачиќ го расплака Адеми… (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми по дербито со Ријека на „Максимир“и победата од 1-0 се збогуваше од дресот на Динамо, сега продолжувајќи ја кариерата во Кина.

Долгогодишниот капитен на Динамо ќе остане запаметен како најтрофејниот играч во историјата на клубот. Веднаш по мечот Адеми имаше големо интервју за официјалната клупска страница, а во еден дел слушајќи ги и пораките кои му ги испратија и поранешните соиграчи од Динамо. Посебно за него беше допадлива пораката од сега фудбалерот на Челси, Матео Ковачиќ која го натера и на солзи…

„Аки, брате мој. Драго ми е што можев да бидам мал дел од твојата величенствена кариера во Динамо и што може да те наречем пријател. Знам колку ти значи Динамо и знам дека воопшто не ти е лесно да го напуштиш. Покажа како треба да изгледа еден капитен на Динамо, секогаш беше борбен и имаше страст. Ти благодарам што на младите им покажа каков треба да се биде на терен и надвор од него“ – рече Ковачиќ.

Се вчитува...