Компликации за Манчестер Јунајтед: Наместо нови понуди, само нов термин за заинтересираните нови газди

Продажбата на Манчестер Јунајтед дополнително се искомпликува откако двајцата главни кандидати за купување на клубот, Британецот Џим Ретклиф и катарскиот банкар шеикот Јасим бин Хамад ал Тани, не ги поднеле новите понуди во предвидениот рок на кој инсистирале сегашните сопственици на „црвените ѓаволи“.

Двете страни, кои се единствените јавно објавени понудувачи, во текот на март се сретнаа со челниците на клубот од „Олд трафорд“, а двете средби на кои гостите го обиколија стадионот и тренинг центарот беа оценети како „позитивни“.

Крајниот рок беше вчера до 21 часот, предвиден од американската банка што е ангажирана од Глејзер за да раководи со продажбата, но ниту Ретклиф ниту Шеикот Јасим не испратиле нови, зголемени понуди. Наместо тоа, тие побарале дополнително време за склопување на понудите, па се очекува семејството Глејзер да дозволи поместување на крајниот рок до утре вечер.

Би-би-си пишува дека 70-годишниот Ретклиф лично присуствувал на средбата со Глејзери, додека неговите претставници ги воделе преговорите во име на шеикот. Како што се наведува, Инеос е подготвен да купи 69 отсто од сопственичкиот удел, додека катарскиот бизнисмен е заинтересиран да купи 100 отсто од акциите на овој клуб основан во 1878 година.

Глејзерс во ноември најави дека работи на продажба на клубот по 17 години, во кои забележаа голем успех, но моментално се во многу „сушен“ период. Британските медиуми најавуваат дека Манчестер Јунајтед ќе биде продаден за над пет милијарди фунти, што ќе стане најскапа купопродажба на еден спортски клуб во историјата.

Се вчитува...