На состанокот на Светската федерација за хокеј на мраз во Женева беше одлучено да се продолжи суспензијата на руските и белоруските хокеари. Наведената причина е безбедносен ризик.
Светската федерација за хокеј на мраз објави дека суспензијата на руските и белоруските екипи ќе биде продолжена за следната сезона. Одлуката е донесена на состанокот на ИИХФ во Женева, наведувајќи дека постои безбедносен ризик.
Рускиот и белорускиот тим беа суспендирани во февруари минатата година по почетокот на конфликтот во Украина. Новата одлука, меѓу другото, влијае и на настапот на Русија и Белорусија на Светското првенство во Чешка во 2024 година.
Светското првенство годинава ќе се игра од 12. до 28. мај во Финска и Летонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА