Фудбалерот на Интер и на репрезентацијата на БИХ, Един Џеко, и на 37 години не планира да го остави фудбалот. Иако е веќе во зрели фудбалски години, сепак, Џеко за „Газета дело спорт“ истакна дека нема намера да се откаже.
Тој игра и за националниот тим на БИХ, каде што истакна дека сака да ја однесе репрезентацијата на Европско првенство.
„Фактот што на 37 години играм за репрезентацијата, покажува колку ми значи. Многу луѓе се откажуваат на тие години. Во Интер играм на секои три дена и немам никакви проблеми, и не сакам да престанам сега. Многу сакам репрезентација да постигне одличен резултат и да оди на Европско првенство. Во минатото не бевме успешни поради многу фактори. Сега квалификациите зависат од нас“, изјави Џеко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА