Поранешнито хрватски фудбалски репрезентативец Шиме Врсаљко стави крај на професионалната кариера. Врсаљко два месеци откако си замина од Олимпијакос беше без клуб, а се почестите повреди го натераа да ја донесе и оваа одлука.
Со хрватската репрезентација Врсаљко беше вицешампион на светот во Русија во 2018 година, а репрезентативниот дрес го носеше 52 пати. Што се однесува до клупската кариера, дефанзивецот започна во Локомотива Загреб, се наметна во Динамо, а оттаму замина во странство.
Играше за Џенова, Сасуола, Атлетико Мадрид и Интер, а последен клуб му беше Олимпијакос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

