Репрезентациите стартуваат со активности, а букмејкерите на Mozzart за првиот ден од нивните натпревари за тебе подготвија три квоти кои се највисоки на свет. Се работи на победи на Македонија против Малта, на Данска против Финска, како и на Словачка против Луксембург.
Македонија – Малта (четврток, 20:45), кец 1,40
„Црвено-жолтите“ не успеаја да останат во игра за ЕП 2024 преку Лигата на нациите, па тоа ќе мора да го бараат по потешкиот пат. Македонците ги отвораат квалификациите пред домашната публика и ова е идеална шанса за победнички старт. Малта е аутсајдер на хартија, но формата ѝ е во подем и Македонија мора да внимава. Сепак, за селекторот Милевски и неговите играчи се освен три бода ќе биде голем неуспех. Традицијата е на страната на Македонија, тимот има пет победи во шест меѓусебни соочувања, со гол разлика 15-2. Воедно, мотивација за победа кај Македонија ќе биде и лошата резултатска низа, затоа што тимот нема победа на последните пет натпревари во сите конкуренции.
Данска – Финска (четврток, 20:45), кец 1,40
Репрезентацијата на Данска беше првата европска селекција што се квалификува на Светското првенство во Катар, бидејќи победи во сите први девет кола во квалификациската група. Викинзите беа многу добри и во Лигата на нации, завршија на второто место во групата А, со бод помалку од Хрватска, но потоа разочараа на Светското првенство. Данска ја заврши групата со Тунис, Франција и Австралија со само еден освоен бод. И покрај колапсот во Азија, немаше големи промени, со тоа што Каспер Хјулманд остана селектор, така што прилично знаеме што да очекуваме од Данска. Системот на Хјулманд нема да се менува, помина доволно време да се смират впечатоците од Мундијалот, па се очекува сигурен и добар настап на Викинзите против Финска. Додуша, Данците им должат на Финците поради поразот во последната средба, во 2021 година на ЕП. Тогаш Финците направија големо изненадување и славеа со 1:0 среде Копенхаген. Вреди да се напомене дека Данците тогаш доживеаја голема траума, бидејќи Кристијан Ериксен доживеа срцев удар за време на тој натпревар.
Словачка – Луксембург (четврток, 20:45), кец 1,65
Луксембуршкиот фудбал е во подем. Луксембуржаните квалификациите за СП ги завршија со девет бода, а потоа доживеаја само еден пораз во Лигата на нации во групата со Турција, Литванија и Фарски Острови. Луксембург повеќе не е на дното, тоа го покажа во ноември со ремито на пријателските натпревари со Унгарија (2-2) и Бугарија (0-0). Затоа Словачка мора да биде внимателна, ако веќе на премиерата не сака да остане без многу важни бодови. Досега Словаците секогаш можеа да се носат со Луксембург кога се во прашање официјалните натпревари. Четири пати беа ривали во квалификациите во 21 век, а Словачка победи во сите четири наврати (3-1, 4-0, 3-0 и 4-2). Последен пат силите ги одмерија во 2015 година, во борбата за ЕП. Словачка потоа замина на завршниот турнир од втората позиција, а Луксембург беше претпоследен во групата.
Напомена: Квотите се подложни на промени, но во Mozzart во секое време ќе бидат најголеми во свет!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

