Македонскиот дефанзивец Висар Муслиу вечерва ќе прослави мал јубилеј. Со оглед дека ќе се најде во стартните 11 во составот на Благоја Милевски, дефанзивецот ќе го игра 50-тиот натпревар во дресот на Македонија.
Во досегашните 49 настапи за националниот тим, Муслиу има постигнато еден гол против Лихтенштајн во Струмица. Муслиу своето деби за репрезентацијата го има во септември 2017 година против Израел. Претходно играше за младата репрезентација и беше дел од ЕП во 2017 во Полска, после кое самиот се наметна како стандарден во сениорскиот национален тим.
Муслиу има 28 години, а во својата кариера играше за Ренова, Гостивар, Вардар, Шкендија, Фехервар и сега е дел од Ингелштад.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА