Фудбалер од Премиер-лигата уапсен поради силување

Неименуван фудбалер од клуб од Премиер-лигата е уапсен под обвинение за силување. Како што пренесуваат британските медиуми, познато е дека се работи за играч кој играл во ноември и декември на Светското првенство во Катар.

Исто така медиумите од островот наведуваат дека се појавила и трета жртва и е подготвена да сведочи во судскиот процес против него. Се додава дека силувањата се случиле во април 2021 година и јуни 2022 година.

Фудбалерот моментално е во притвор во полициска станица и дека неговиот распит е во тек.

Се вчитува...